МВР и УЈП при контрола во спортски обложувалници во тетовско нашле бројни неправилности, приведени две лица

 

 

Вчера од страна на ОКП – ОЕК, ОКК при СВР Тетово, во содејство со Државен инспекторат за труд – подрачно одделение Тетово, УЈП и полициски службеници од СВР Тетово извршена е координирана контрола во пет спортски обложувалници на подрачјето на Тетово.

Во правно лице на ул. „Благоја Тоска“, сопственост и управувано од Е.Ш.(43) и И.Ш.(47), двајцата од Тетово, затекнати се двајца вработени, од кои кај Т.К.(30) од тетовско, при извршена контрола на неговиот мобилен телефон биле пронајдени онлајн платформи за игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган. Мобилниот телефон е времено одземен поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 156 од Закон за игри на среќа и забавните игри, а лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за извршено кривично дело „Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ предвидено и казниво по член 156 од Закон за игри на среќа и забавните игри. При контрола на компјутерите во обложувалницата, било констатирано дека немаат лиценца за оперативниот систем, при што шесте компјутери се одземени поради основано сомнение за извршено кривично дело „Повреда на авторски права и сродни права“ предвидено и казниво по член 157 од Кривичниот законик.

При контрола во подружница на истото правно лице во с.Теарце, кај еден од затекнатите двајца вработени, М.М.(23) од тетовско, извршена е контрола на мобилниот телефон, при што била пронајдена онлајн платформа за игри на среќа без лиценца. Мобилниот телефон е одземен поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 156 од Закон за игри на среќа и забавните игри, а лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за извршено кривично дело „Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“. При извршена контрола на петте компјутери, било констатирано дека немаат лиценца и тие се привремено одземени поради основано сомнение за извршено кривично дело „Повреда на авторски права и сродни права“.

При контрола во правно лице – обложувалница на ул. “Илинденска”, со овластено лице Е.П., било констатирано дека петте затекнати компјутери се без лиценца, поради што се привремено одземени поради основи на сомневање за извршено кривично дело ,,Повреда на авторско право и сродни права”. Од страна на УЈП се преземени мерки и активности од нивна надлежност и се констатирани неколку неправилности за што ќе бидат изречени соодветни глоби.

05.11.2023 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега