Средношколците ќе се едуцираат за штетните последици од алколот, пушењето и дрогата

 

Околу 26.000 средношколци од 27 училишта од Градот Скопје од следната недела ќе бидат опфатени со превентивниот проект на министерствата за здравство, за образование и наука и Градот Скопје на кои ќе се едуцираат за штетноста на алкохолот, пушењето и дрогата. 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција го промовираше проектот со кој најнапред ќе бидат опфатени средношколците во прва и втора година, а потоа и оние од трета и четврта, осмооделенците и родителите. Ќе започне во Скопје, а во текот на второто полугодие ќе продолжи и во другите градови низ Македонија.

- Овој крупен превентивен проект е според препораките на СЗО, изјави министерот посочувајќи дека неговата цел е да се намали бројот на оние што конзумираат алкохол и цигари и користат дрога.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека учениците ќе имаат можност да слушнат за ризиците и последиците по здравјето од стручните лица од превентивните тимови.

- Особено важно е што при оваа едукација ќе бидат опфатени и директорите на средните училишта, како и родителите на учениците, изјави градоначалникот Трајановски.

15.12.2013 - 14:54
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега