Сурфер во Австралија нападнат од ајкула, се трага по телото

 

Полицијата во Јужна Австралија трага по телото на маж за кој се верува дека е убиен во напад на ајкула. 55-годишен маж утринава сурфал во близина на плажата Гранитес, јужно од заливот Стрики, кога очевидци виделе дека го нападнала ајкула.

Ова е трет сериозен напад на ајкула во државата оваа година. Уште еден сурфер беше убиен во мај на околу 120 километри од заливот Стрики, а третиот претрпе нефатален напад претходно овој месец. Не е јасно каков тип на ајкула бил вклучен во нападот, но очевидци за локалните медиуми изјавиле дека била долга повеќе од четири метри.

Фил Мекевој, кој живее во заливот Стрики, рече дека утрово слушнал сирени. „Тогаш знаев дека нешто не е во ред и сирените некако се оддалечија кон делот од плажата каде што се сурфа“, рече тој. Според „9 њуз“, човекот што бил нападнат бил еден од шесте сурфери во водата во тоа време, но тој сурфал подалеку од другите.

Мекевој нагласи дека градот моментно забележува прилив на сурфери и смета дека сезоната на риболов може да има врска со можното зголемување на ајкулите во областа, пишува Би-би-си.

Водите во близина на западниот брег на Јужна Австралија се добро познати по присуството на ајкули и научниците предупредија дека зголемувањето на забележаните ајкули не мора да значи зголемување на нивната популација. Плажата Гранитес е на околу 700 километри од Аделаида, главниот град на државата.

31.10.2023 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега