Дојди, пробај и „наелектризирај“ се во паб „Карактер“

 

Дојди во сабота (28.10) во паб „Карактер“, пробај си пиво, па „наелектризирај“ се со новите електрични тротинети на нашиот партнер „e_enjoy_official“, кои ќе вртат низ градот. Сите сте поканети на дневна забава со почеток од 12 часот, но и на тест возење за да може да ја почувствувате разликата. Тимот на паб „Карактер“ заедно со дечките од „e_enjoy_official“ Ви гарантираат одлична журка, добро пиво и брзи тест-електрични возења!

Во случај да се прашувате или пак во сабота планирате за првпат да го посетите, паб „Карактер“ ќе го најдете на Ленинова 29, Скопје. „Карактер“ е нова атракција во градот каде се одржуваат настани и свирки секој викенд. Место за голем избор на пиво, промотивни пијалоци, а ќе најдете и по некој картон на „Бомбакис“.

Ако ти се посреќи, Бомба може и ќе ти наточи некое пивце, ако #покажешкарактер. Дојди и пробај, не дозволувај да ти раскажуваат.

27.10.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега