Шолц: Мора брзо да ги депортираме мигрантите кои немаат право да останат во Германија


Германија мора брзо да ги депортира мигрантите кои немаат право на престој, но и да продолжи да ги прифаќа оние кои имаат право на азил и оние со потребните вештини, изјави во вчерашното интервју германскиот канцелар Олаф Шолц.

Мораме да ги депортираме во голем обем оние кои немаат право да останат во Германија“, изјави Шолц за Шпигел. Тој нагласи дека оние кои немаат услови за азил и немаат изгледи да останат мора да си заминат. Мора да депортираме повеќе и побрзо“, изјави германскиот канцелар.

Шолц рече дека е неопходен цел пакет мерки за ограничување на илегалната миграција, што вклучува подобра заштита на надворешните граници на Европската Унија и построги контроли на границите на Германија со соседните членки на ЕУ.

Канцеларот додаде дека Германија мора да продолжи да прифаќа бегалци кои имаат право на азил поради политички прогон или други легитимни причини, како и да привлекува повеќе мигранти со потребните вештини.

„Но, оние што не припаѓаат на ниту една од овие групи не можат да останат кај нас“, повтори Шолц

21.10.2023 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега