Филипче: Реверсот на Онкологија не го оправдувам, ама е земен за пациентите да не останат без лек

 

Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

 

Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи.

 

-Пред да станам министер за здравство, во државата имаше систем со кој не се знаеше какви лекови се даваат во државата, најмногу за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите, но законот го променивте и оттогаш лековите влегуваат во земјава по европски критериуми, рече поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на Анкетната комисија за Клиниката за онкологија. Паралелниот увоз на лекови кој постоел до 2018 година, овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет. Но, потоа се сменил законот и биолошката терапија која дотогаш била недостапна, станала достапна за голем број пациенти и тоа во континуитет, вели екс-министерот за здравство.

 

Филипче на Анкетната комисија изрази разочараност за настанот кој ја потресе јавноста и за кој рече дека ги поткопува темелите на здравствениот систем.

 

-И јас и многу други колеги очекуваме брза разрешница и да се тргне дамката од Клиниката, зашто таму работат посветени и чесни лекари и не треба да се герерализира со оние што прават престапи, криминали и индивидуални безобразлуци. Најважната промена беше што кога станав министер, воведовме биолошка терапија и таргет терапија и значително се зголеми квалитетот на третманот. Тоа беше револуционерна промена бидејќи значеше нов квалитет на животот на луѓето кои се борат со канцерот како болест. Овие лекови го преживеаа преживувањето и квалитетот на животот и тоа моите колеги од Онкологија го презентираат на симпозиуми низ светот. Ние сме на 3 место на европската мапа за онкологија а пред тоа не беше така. Се воведоа нови лекови за метастатски канцер на дојка, имуно терапија, хер 2 негативен карцином на дојка, имуно терапија за карцином на бели дробови, лекови за рани фази на карцином на дојка, метастатски резистетен простатен канцер и две три специфични терапии за канцер на бели дробови. За време на ковид Клиниката за онкологија имаше специфичен начин на работа и терапијата им беше носена на пациентите до местото на живеење и се воведе психолошка поддршка, истакна Филипче.

 

Пратеничката Рашела Мизрахи го праша Филипче дали смета дека екс-директорот доктор Нино Васев работи етички и во согласност со законите и посочи дека сите контролни механизми врз Клиниката биле суспендирани.

 

– Сметам дека улога на Министерството за здравство е да им овозможи пристап до терапија на пациентите и тоа го направивме. И за старите и за новодијагностицираните, да немаат прекин. Се останато е работа на менаџментот на клиниката. Во однос на доктор Васев, мислам дека е одличен професионалец, секогаш спремен да помогне на секого, и во услови на гужва и кога има многу пациенти. Ако постои сомнеж за неговата работа, тоа треба да се истражи, рече екс-министерот.

 

Мизрахи му рече на Филипче дека тој е задолжен како министер во тоа време за контролни механнисми.

 

17.10.2023 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега