(Видео) Избувна пожар во Бања Лука, оганот проголтува се пред себе: Пожарот се прошири во најпознатиот хотел во градот
Пожарот од Електрокраина во Бања Лука се прошири и на хотел Босна, пожарникарите со голема брзина влегуваат во хотелот за да спречат ширење на пожарот, известуваат тамошните медиуми.
Еден од хотелските работници за Српскаинфо изјави дека пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а во моментов ситуацијата пред хотелот е драматична.
Полицијата ги блокираше сите улици, голем број луѓе се на улица.
Полициската управа Бања Лука утрово во 9 часот и 37 минути е известена дека има пожар во зграда“, соопшти СВР Бањалука.
Пожарот во зградата на Електрокраина избувнал на инсталациите во машкиот тоалет на првиот кат, потврди за Српскаинфо директорот на Електрокраина Драган Чавиќ.
Работниците се обиделе да го изгаснат пожарот со помош на противпожарни апарати, но не успеале. Низ инсталациите се прошири до останатиот дел од зградата“, додаде Чавиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа