МКД.мк: Граѓаните сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми

 

 


Македонските граѓани немаат доверба во начинот на кој власта ги разрешува тековните проблеми, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени и сл, пишува МКД.мк

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Според анкетата над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија, а исто толку сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции.

За измените во Кривичниот законик речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека истите се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија.

Цела анкета погледнете ја тука.

 

07.10.2023 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега