Грк тепал кумановци и ги затворал во комора за замрзнување

 

Сезонски работници од фирмата за преработка на смрзнато овошје и зеленчук „ДС Фудс“  Куманово проговорија за притисоците и теророт што ги трпат при работа кај грчкиот сопственик, но и за институционалната негрижа на надлежните кога е во прашање кршење на работничките права. Работниците пред камерата наТелма сведочат за малтретирањето и изживувањето на сопственикт врз нив, јавува Телма.

Телевизијата повикувајќи се на сцедоштва на раотниците пишува дека бизнисменот Димитриос Салептис ги крши човековите и работничките права. Велат дека дел од нив не зеле плата од ланската сезона, а кога ќе ја побараат, изложени се на насилство од шефовите, не се ниту осигурани, па од трудова инспекција ги кријат сезонците во комора каде премрзнуваат на минус 20 степени целзиусови.

Часлав Божиновски вели дека сопственикот секоја година ги лаже за парите. Нагласува дека тој двајца од работниците ги тепал, а пред инспекторите ги крие во коморите.

 Миле Спасовски од регионалната организација на ССМ вели дека сопственикот секогаш ги крие работниците.

За физичка тортура сведочи Станислав Трајковски којбил нападнат од претпоставениот бидејќи си поднел отказ.

-Тој трчајќи излезе по мене во ходникот и некој ми рече, пази иде Гркот ќе те удри, среќа, рефлексно се тргнав и ме удри само во плешка. Работа како работа, секаде треба да се работи но, да работиш и некој да се иживува со тебе, да те малтретира и на крај парите со мака да ги вадиш, тоа не е работа, вели Трајковски за Телма.

 

 

14.12.2013 - 20:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега