Нова градинка за дечињата од Карбинци

 

Во Општина Карбници денеска почна изградбата на првата градинка вредна 200.000 евра со капацитет за 80 деца. Почетокот на изградбата го означија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Карбинци Зоран Минов.

- Министерството за труд ќе учествува во опремување на градинката согласно сите стандарди и процедури. Нашата цел е зголемување на капацитетите на градинките и изградба на нови во соработка со општините. Изминатиов период имавме голем број инвестиции во насока на зголемување и подобрување на капацитетие за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, изјави Спасов и додава дека ако во 2006 година за годишната граница од три до шест години вкупниот сместувачки капацитет беше околу 11 отсто, во 2011 се зголеми на 22 од вкупниот број деца и во 2013 година со сите инвестиции кои се реализирани, достигна 34 проценти.

Градоначалникот Минов рече дека градинката ќе биде со површина од 400 метри квадратни. 

14.12.2013 - 15:15
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега