Осло забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички

 

Норвешка одлучи да го забрани влезот на автомобили со руски регистарски таблички од следната недела, соопшти денеска норвешкото Министерство за надворешни работи.

Според појаснувањето на ограничувањата, „патничките возила со руски регистрации со девет или помалку седишта повеќе не можат да се увезуваат во Норвешка, што вклучува и привремен влез“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека мерките ќе стапат во сила во понеделник навечер.

Исклучок се автомобилите во сопственост на државјани на Норвешка или лица од земјите од Европската економска област кои постојано живеат во Русија. Изземени се и нивните роднини.

Ограничувањата исто така не се однесуваат на дипломатскиот сообраќај и автомобилите на меѓународните организации.

29.09.2023 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега