Димитровград: Мигрант бил избоден 20 пати во белите дробови и стомакот по расправија покрај автопат

 

Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград, објавија српските медиуми.

Од полицијата во Пирот за српски Блиц е потврдено дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметка на автопатот кај Димитровград и дека со повреди е примен во болницата во Пирот, но се уште официјално не можат да соопштат колкав е степенот на повредите и другите околности на случајот.

Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Која била причината за тепачката во која бил повреден, исто така се уште не се знае.

Како што пишуваат медиумите, во тепачката мигрантот се здобил со 20 убодни рани, од кои три потешки.

Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа во шок собата на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на Брза помош од Димитровград. Се размислува и за неговиот транспорт до УКЦ Ниш.

27.09.2023 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега