Јавен повик за набавка на 11 биохемиски анализатори

 

Министерството за здравство објави јавен повик за набавка на тестови за биохемиски анализатори вреден околу седум милиони евра.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска информираше дека операторот кој ќе го добие тендерот за реагенси ќе треба да обезбеди и 11 автоматски биохемиски анализатори за девет јавни здравствени установи, бесплатен сервис и бесплатна замена на резервни делови, односно целата грижа за нормално нивно функционирање и да постави лабораториски информатички софтвер. Понудата ќе ја добие оној кој ќе настапи со најниски цени.

- Со овој тендер, всушност продолжуваме со претходно воспоставениот систем за набавка на биохемиски анализатори. Ова е втора ваква набавка, со претходната која беше пилот проект беа опфатени три здравствени установи, кога беа заштедени средства во висина од околу 40 илјади евра, рече Тодоров.

Анализаторите ќе бидат наменети за клиниките за детски болести, за гинекологија, за хематологија, за онкологија и радиотерапија, за Клиничка биохемија, за Свети Наум Охридски и за клиничките болници во Тетово, Штип и Битола.

- Економскиот оператор кој ќе биде најповолен понудувач ќе треба да инсталира лабораториски информатички софтвер во здравствените установи за кои се наменети овие анализатори како и дополнително за ГОБ 8 Септември. Софтверот треба да содржи општи лабораториски извештаи, извештај по тест, извештај по вработен, извештај за статус на залиха на тестови, извештај на поминато време по пациент од прием на шалтер до издавање на резултати, статистички анализи и следење Billing  систем за лабораториски услуги, рече Тодоров.

14.12.2013 - 14:31
Фото: 
Академик.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега