Од 1 април Владата ги затвора Макстил и Југохром?

 

Компаниите кои до 1 април наредната година нема да се усогласат со новите еколошки стандарди ќе добијат клуч на врата. Министерот за животна средина, Абулаќим Адеми во изјава во емисијата Тренд на 24 вести вели дека нема да има пролонгирање на рокот и пазараење со компаниите.

„Мојот став секогаш бил дека тој рок нема да се пролонгира, дури и да дојдеме во ситуација да затвоиме некои од капацитетите. Би сакал да видам конкретно, кои се нивните планови, дали се испорачани филтри, дали се реализирани другите проекти. До сега кај два од поголемите капацитети тоа го немам видено и затоа сум скептик дека тоа ќе се случи“ - вели Адеми.

Тој додава дека Макстил и Југохром се уште не ја почнале постапката и дека поради тоа, најверојатно и нема да стигнат во предвидениот рок да ги вградат филтрите. 

Станува збор за два огромни капацитети кои вработуваат илјадници граѓани и имаат голем удел во бруто домашниот производ. 

Истовремени, металопреработувачките капацитети се и најголеми загадувачи на животната средна а токму Скопје, е еден од градовите каде што концентрацијата на зштетни гасови е најголема поради што, Градот Скопје преупреди, мали деца, бремени жени и хронично болни да не излегуват на улица во овој период без поголема потреба. 

14.12.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега