Димовски: Политиката да не се меша во тутунопроизводството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одговарајќи на новинарски прашања по научниот собир за пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна, изјави дека политиката не треба да се меша во тутунопроизводството зашто од тоа најголема штета имаат тутунопроизводителите.
- Политиката треба да остане надвор од земјоделството. Некој што нема појма ниту од производство на краставици, да не ги плетка луѓето на откупувачките пунктови во дезинформирање, шпекулирање и замајување. Од сите тие игри најголема штета ќе имаат производителите на тутн, нагласи министерот и уште еднаш потенцира дека не пости опасност од неисплата на тутунот.
Министерот апелира, тутунарите, ако не се задоволни од проценката, да побараат нова преку Второстепената комисија составена од претставници на откупувачите, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и Државниот инспекторат за земјоделство.
- Не треба да постои сомнение дека Министерството во целост ќе ги штити интересите на тутунарите. Нашата крајна цел е подигнување на просечната откупна цена која моментно е 10 отсто пониска од овој период лани. Сакаме да се задржи или, уште подобро, да се забрза динамиката на откуп, да се зголеми просечната откупна цена и откупот да се врши регуларно, без тензии и нервози, како претходните години, посочи Димовски.
Инаку, утре е крајниот рок кога сите комании треба да се вклучат во откупот на тутнот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа