Бауер: НАТО ги штити слободата, демократијата и суверените права на народите сами да ја одредуваат својата судбина

Плановите на НАТО и националната одбрана никогаш досега не биле толку тесно поврзани. Плановите што ги договоривме на Самитот во Вилнус ќе влијаат на развојот на сите наши вооружени сили во наредните децении и преземаме храбри чекори за дополнително зајакнување на нашите напори за одвраќање и одбрана, порача денеска претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер во воведното обраќање на Конференцијата на Комитетот што се одржува во Осло.

– Централниот дел на сето ова се збирот на планови за Одвраќање и одбрана на евроатлантската област (ДДА). Ова ги вклучува регионалните планови, кои се географски специфични и кои опишуваат како ќе ги браниме клучните и релевантни делови во нашата Алијанса. Регионалните планови се базираат на објективни барања, кои прецизно наведуваат кои средства или капацитети се потребни во услови за криза или конфликт, додаде Бауер во обраќањето на собирот на кој присуствува и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

Бауер потенцира дека овие планови се жива материја кои треба постојано да се ажурираат како што се појавуваат нови закани и мора да се реализираат.

– Денес ќе разговараме за реализацијата, а таа опфаќа повеќе војници на повисока ниво на готовност, градење и развој на оспособеност, адаптација на командните и контролните структури на НАТО, поголема логистика, поддршка на земјата домаќин, одржување, воена мобилност и надополнување и прераспределба на залихите и најважно тоа вклучува повеќе колективни одбранбени вежби и обука, истакна Бауер.

Тој потенцира дека ова заседание на Комитетот се одржува во време кога меѓународниот поредок заснован на правила е под силен притисок и кога луѓето, како ширум светот, така и во земјите членки на НАТО, се повеќе се поделени и кога се зголемуваат нивоата на закани.

– Затоа, од клучно значење е ние, военото раководство на НАТО, да продолжиме да се грижиме дека мажите и жените во униформи кои служат на нашата Алијанса го имаат она што им е потребно за да го заштитат сето она што ни е скапоцено. Заедно, штитиме многу повеќе од физичката безбедност. Ние ги штитиме слободата, демократијата и суверените права на народите и луѓето сами да си ја одредуваат судбината, додаде Бауер.

 

16.09.2023 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега