Рамзан Кадиров е во кома, тврдат Украинците
Рамзан Кадиров наводно е во кома. Така тврдат Украинците кои пишуваат дека неговата здравствена состојба е влошена.
Независниот белоруски канал Некста ја пренесува изјавата на портпаролот на украинската разузнавачка служба, Андриј Јусов, кој вели дека болеста на Рамзан Кадиров се влошила.
Украинска Правда пренесува дека Јусов за Укринформ изјавил дека Кадиров е во критична состојба.
„Можеме да потврдиме дека имал уште едно сериозно влошување и дека е во критична состојба последните неколку дена“, се пренесуваат наводните зборови на Јусов.
„Информациите се потврдени од различни извори во медицински и политички кругови. Не станува збор за повреди. Други детали треба дополнително да се разјаснат. Тој е подолго време болен, а се работи за системски здравствени проблеми“, изјави Јусов.
Првите гласини за лошата здравствена состојба на чеченскиот лидер се појавија уште во март. Беа споменати труење и бубрежна болест. Кадиров ги отфрли гласините набргу потоа.
„Јас сум здрав и полн со енергија“, рече тогаш Кадиров во објавата на Телеграм, додавајќи дека му е „жал што ги вознемирува“ сите што се надеваат дека е „смртно болен“, објави независниот руски весник „Москоу тајмс“ во средината на март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа