Денот на Каталонија: Илјадници луѓе излегоа на улиците на Барселона барајќи отцепување од Шпанија

 

Илјадници поддржувачи на каталонската независност излегоа на улиците на Барселона на марш по повод Националниот ден на тој шпански регион.

Демонстрантите носеа црвени, жолти и сини знамиња „Естелада“ и извикуваа слогани барајќи отцепување на Каталонија од Шпанија, објави „Ројтерс“.

Тие се собраа на шпанскиот плоштад, каде што им се обратија лидерите на движењето за независност.

Одѕивот на годинешните манифестации беше релативно низок во однос на претходните, пренесува медиумот.

Полицијата процени дека се собрале околу 115.000 луѓе, а организаторите на маршот соопштија дека учествувале 800.000.

Посетеноста е помала во последните годин, бидејќи поддршката за отцепување од Шпанија е намалена, според „Ројтерс“.

12.09.2023 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега