Грчки полицаец ја убил поранешната сопруга

 

38-годишен грчки полицаец со пушка ја убил 42-годишната сопруга, а потоа се самоубил. Трагично настраданиот пар има две деца кои, според грчките медиуми, се уште не знаат ништо за злосторството.

Според полициските информации, делото се случило во стан во месноста Каламарија.

Соседите ја известиле полицијата за пукањето. Безживотните тела биле пронајдени кога пристигнале на местото на настанот.

Убиецот ги одвел своите две деца на училиште непосредно пред да го изврши крвавиот чин.

Тој и неговата сопруга беа разделени минатата година.

Полицаецот немал службено оружје.

Според информации, полицискиот службеник Л.М. служел во одделот за технички апликации на северна Грција и немал службено оружје.

Ја застрелал сопругата со пушка, при што смртно ја ранил во стомакот.

Нивните деца моментално посетуваат психолог и се обидуваат да најдат начин да ги информираат за ситуацијата.

„Ги познавам со години, последната година беа разделени, не живееја заедно“, вели локален жител кој ја познавал поранешната двојка.

Властите истражуваат дали мотивите на убиецот се поврзани со љубомора.

12.09.2023 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега