Спремајте повеќе пари: Се зголемуваат цените на бензинот и дизелот

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19 % во однос на одлуката од 4.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,308 %, кај дизелот 3,641 %, кај екстра-лесното масло 3,940 % и кај мазутот зголемувањето е 2,280 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,705 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,146 денар/кг и сега ќе изнесува 47,304 денари/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 12.9.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

11.09.2023 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега