САД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да ја зајакнат соработката за следење проектили
Министрите за одбрана на САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска заеднички ги осудија неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја и се согласија да ја засилат соработката за следење на ракетите, соопшти Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја.
Воените министри на трите земји се договорија и за заеднички вежби во блиска иднина како дел од одбранбените мерки против нуклеарната закана на Пјонгјанг, пренесуваат странските агенции.
07.09.2023 - 23:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа