Блинкен на средбата со Зеленски: „Охрабрувачки е напредокот во контраофанзивата“
„САД гледаат охрабрувачки напредок во контраофанзивата на украинската армија за враќање на територијата окупирана од рускиот агресор, изјави денеска американскиот шеф на дипломатијата кој ненајавено пристигна во посета на Киев и најави нов пакет помош вреден повеќе од милијарда долари.
„Многу јасно гледаме голем напредок во контраофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко“, рече Антони Блинкен на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Напредокот на контраофанзивата е забрзан во последните недели и новата американска помош ќе и даде нов поттик“, рече Блинкен, според новинската агенција АФП.
„САД се обврзаа да и обезбедат на Украина ресурси за да ја напише сопствената иднина. Денеска објавуваме нова помош вредна повеќе од милијарда долари“, рече Блинкен.
Зеленски предупреди дека на Украина и претстои тешка зима. „Но, ние сме среќни што не сме оставени сами на себе. Ќе се соочиме со тоа заедно со нашите партнери“, рече тој во разговорот со Блинкен.
Тој им се заблагодари на САД за помошта дадена во енергетскиот сектор, кој минатата година систематски беше цел на руските бомбардирања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа