Командант на КФОР: Ситуацијата во Косово се уште е многу нестабилна
Командантот на КФОР, Ангело Микеле Ристуќа, изјави дека ситуацијата на Косово се уште е „многу нестабилна“ и покрај фактот што безбедносните тензии се смириле по ескалацијата на насилството во мај.
Тој оцени дека тензиите меѓу Србите и Албанците се високи поради политичките разлики, пренесува Ројтерс.
„Ситуацијата е мирна по настаните од 29 мај. Но, на некој начин, ситуацијата се уште е многу нестабилна. Согледуваме тензија поради многу нерешени прашања“, изјави Ристуќа за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.
06.09.2023 - 21:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа