Бурата во Грција остави голем хаос зад себе: Скијатос без струја и вода, туристи заглавени на аеродром
Драматична е состојбата од невремето Даниел и во Споради. Скијатос остана без вода и струја, како што изјави за ЕРТ хотелиерот Арис Дервенис.
На Скијатос поплавени се куќи и продавници, додека штетите на инфраструктурата се сериозни. Градоначалникот на Скијатос, Тодорис Цумас, побара во општината да биде прогласена во вонредна состојба.
На подрачјето до Противпожарната служба има 109 повици, додека досега се спроведени 20 испумпувања на вода и 20 лица се пренесени на безбедни места.
На видеата објавени на социјалните мрежи, се чини дека пристаништето се „удавило“ во матните води, додека сега, иако нема обилни врнежи, дува многу силен ветер.
Голем број патници останаа заглавени на брод, кој вчера попладне тргна од пристаништето Скијатос кон Волос, но поради механички дефект пловел со мала брзина. Бродот не стигнал до својата дестинација и сега е заглавен, неколку километри од пристаништето Волос, пишува „Прототема“.
Има стотици поплаки од патници кои се заробени на бродот веќе 12 часа. Досега не се разјаснети причините поради кои бродот не влегува во пристаништето.
Најмалку 300 туристи останаа блокирани на аеродромот во Скијатос поради лошото време.
Puente destruido en #KalaNera.
Vía: @meteogr pic.twitter.com/vYQ5XmuQOt
— Storm Málaga (@Storm_Malaga) September 5, 2023
Skiathos today #storm #skiathos pic.twitter.com/f2dd5DYwKL
— rachel elizabeth (@rchlrchl) September 5, 2023
Stranded in #Skiathos, #Greece. #greecefloods pic.twitter.com/8m7s2xVGa9
— Zahra (@zahrasalah0_0) September 5, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа