Путин од Сочи: Ако сакате дојдете овде на одмор, многу е убаво овде

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган започнаа разговори во рускиот град Сочи на брегот на Црното Море, јавуваат руските медиуми.

Телевизискиот пренос покажа како двајцата претседатели се ракуваат пред почетокот на разговорите. Поздравувајќи го турскиот лидер Путин рече: „Ако сакате, дојдете овде на одмор, многу е убаво овде“, објави Си-Ен-Ен.

„Ова е наша прва лична средба по изборите во Турција. Би сакал уште еднаш да ви честитам за изборните резултати“, му рече Путин на Ердоган.

Според руските медиуми, ќе се разговара и за предлогот на Москва за испорака на милион тони руско жито во Турција, кое потоа, со финансиска помош на Катар, би се дистрибуирало до земјите на кои им е најпотребно.

„Има што да се разговара од гледна точка на обезбедување безбедност во регионот. Се разбира, нема да ги игнорираме прашањата поврзани со украинската криза. Имаме намера да поставуваме прашања за договорот за жито. Отворени сме за преговори“, изјави рускиот лидер на почетокот на средбата, пренесува РИА Новости.

„Во делот на енергетиката, како што кажав, се движиме многу самоуверено, постигнати се договори меѓу главните добавувачи. Се надевам дека ќе биде така. Во блиска иднина ќе бидеме сведоци на тоа“, додаде Путин.

04.09.2023 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега