Полициска акција во Црна Гора: Шест лица уапсени поради трговија со луѓе
Шест лица утрово се уапсени во Подгорица поради сомнение дека сториле кривично дело создавање криминална организација и кривично дело – трговија со луѓе.
Апсењето е извршено по наредба на Специјалното државно обвинителство по повеќемесечно прибирање докази, податоци и информации.
Како што соопшти СДТ, уапсени се Б. П., П. П., И. Н., М. Д., Ф. П. и М. Ж. поради основи на сомнение дека во текот на минатата и оваа година сториле кривично дело создавање злосторничка организација и продолжено кривично дело трговија со луѓе во врска со поголем број повредени граѓани на Турција.
Во тек е и претресот на станови и други простории што ги користеле уапсените, а се наоѓаат на повеќе локации.
Уапсените во законскиот рок ќе бидат спроведени на распит во Специјалното државно обвинителство како осомничени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа