„Во Африка сум - за сите кои дебатираат дали сум жив или не“ - објавено е последното видео на Пригожин пред неговата смрт

Објавено е ново видео од лидерот на групата Вагнер кое, наводно, го прикажува Евгениј Пригожин во Африка само неколку дена пред, како што тврди Москва, да загине во авионска несреќа во Русија.

„За оние кои дебатираат дали сум жив или не, и како сум - сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка“, вели Пригожин во краткото видео објавено од канал на Телеграм, поврзан со Вагнеровата група.

 

„За оние кои, значи, разговараат за тоа како да ме избришат или за мојот приватен живот, колку заработувам или нешто друго - сѐ е во ред“, додаде тој, одмавнувајќи со раката. Ројтерс не можеше да ја потврди локацијата или датумот кога е снимено видеото.

На видеото, Пригожин се наоѓа во возило во движење, облечен во маскирна облека, капа и часовник на десната рака што одговара на неговиот изглед на видеото објавено на 21 август, а кое, исто така, наводно било снимено во Африка.

Имајќи предвид дека тој зборува за викенд, снимката би требало да се однесува на 19 или 20 август, само три или четири дена пред 23 август кога, според тврдењата на Москва, загинува во авионска несреќа северно од руската престолнина.

Рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин започна краткотраен вооружен бунт во јуни, во својата прва реакција на авионската несреќа рече дека шефот на Вагнер пристигнал од Африка ден пред несреќата.

31.08.2023 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега