Хаос во Шведска: Одекнаа четири експлозии за еден час

Во Шведска во рок од еден час одекнаа четири експлозии, а на терен беа повикани пиротехничари, соопшти полицијата.

Земјата во моментот се бори со зголемување на насилството поврзано со банди. Полицијата во Гетеборг добила извештаи за првите две експлозии на разни адреси, со разлика од 10 минути, нешто по 1 часот по полноќ.

„Двете локации се опколени и во тек е техничка истрага“, соопшти полицијата додавајќи дека на местото на настанот била повикана националната екипа за бомби. Нема извештаи за повредени, само материјална штета, соопшти полицијата.

Еден час подоцна, за неколку минути беа пријавени уште две експлозии – едната во Норсборг, предградие јужно од Стокхолм, а другата во Никопинг, 100-ина километри јужно од главниот град. Полицијата соопшти дека во двата случаја нема повредени. Сите четири експлозии биле на станбени згради.

Шведска се бореше во последните години да го спречи порастот на престрелки и бомбашки напади додека бандите, поттикнати од трговијата со дрога се борат. Полицијата во Гетеборг изјави за АФП дека е премногу рано да се шпекулира за мотивите зад двете експлозии во градот.

Во 2022 година, според полициските податоци, во Шведска се регистрирани 90 експлозии и 101 случај на обиди за бомбашки напади или подготовки за бомбашки напади. До 15 август годинава се регистрирани 109 експлозии.

31.08.2023 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега