Престрелка пред училиште во Србија: Убиени две момчиња
Пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог во Војводина, синоќа се случила престрелка при што убиени се две млади момчиња, а во полициска акција уапсени се четри лица.
Според српските медиуми во престрелката што се случила на полниќ убиен е Н.Ш. (19), а денес починал уште еден млад човек М.М. (20) кој бил ранет.
Д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, изјави дека првиот повик бил примен 17 минути по полноќ во полиција, а потоа 51 минута подоцна следел вториот повик, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.
Полициските сили се засилени на сите излези и влезови во градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа