Силен раст на македонската економија - БДП скокна за 3,3%
Економијата продолжи да расте и во третиот квартал од годината. Државната статистика попладнево објави дека БДП во периодот од јули до септември пораснал за 3,3%.
Најголем раст и овој пат бележи секторот градежништво од 30,5%. Финалната потрошувачка пораснала за 4%.
Економијата расте во текот на целата 2013 година. Во првиот квартал растот изнесуваше 2,9%, а во вториот 3,9 %. Според Светска банка, земјава има најголем раст во регионот.
Заради позитивните бројки сите меѓународни институции ги подобрија прогнозите за растот на македонската економија.
Владата за годинава проектираше раст од само 2,2%, новите очекувања се дека тој ќе надмине 2,5%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа