Министерот Попоски се сретна со бугарскиот колега Вигенин

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Софија се сретна со својот бугарски колега, Кристиан Вигенин. На средбата се разговарало за актуелните билатерални прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку реализирање конкретни договорни проекти што се од интерес на граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија, како и за европската перспектива на регионот.

- Во рамки на средбите беа реафирмирани иницираните активности од сите области на соработка меѓу двете земји, особено Коридорот 8, по потпишувањето на Протоколот меѓу министрите за транспорт на двете држави, потоа отворање гранични премини и одржување на претстојниот Бизнис форум, наредната година во Република Македонија. Кон остварување на заедничките проекти, особен придонес дадоа скорешните интензивни контакти на ресорните министри на Република Македонија и Република Бугарија, се вели во соопштението од МНР.

За време на средбата, министерот Попоски одржа и предавање пред Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија на тема: Пред и по пристапувањето, научени лекции и добрите практики за земјите кандидати за членство во ЕУ. 

13.12.2013 - 14:30
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега