Хаос во СРД: Членовите Албанци во бојкот поради опомена за АлсатМ

 

Советот за радиодифузија изрече писмена опомена за телевизијата Алсат М за начинот на известување во периодот од 8 до 10 декември за вести поврзани со поставувањето на споменикот на Цар Душан.

Советот апелира при известување телевизијата Алсат да ги почитува професионалните новинарски стандарди и да избегнува користење на сензационализам, со цел да не се разгоруваат меѓуетнички тензии.

Членовите на Советот од албанска националност пред гласањето ја напуштија седницата, бидејќи според нив, мониторингот на Алсат бил селективен и тенденциозен.

 

 

13.12.2013 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега