ВИДЕО: Први снимки од местото каде што се урна авионот во Белград, пилотот загина
Загина пилотот кој управувал со авионот кој се урна кај Батајница, во Белград, потврди српската полиција.
Според информациите достапни во моментот, авионот полетал од блискиот аеродром „13 Мај“, а набргу потоа паднал во поле.
„Полета и по 4-5 минути имало некаков проблем. Пилотот не можел да го контролира леталото и удрил во блиските полиња со пченка и се запалил“, наведува изворот на „Блиц“.
Во еден момент пријавил дека командите не му функционираат, јавуваат медиумите во земјата.
Објавени се првите фотографии и видеа од местото на несреќата.
10.08.2023 - 18:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа