Милчин фатен во лага
Милчин ја излажа македонската јавност, тврдејќи дека во СОРОС (ФООМ) нема високи функционери на СДСМ, јавува Курир.
Извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество – Македонија (ФООМ) Владимир Милчин, на вчерашната надзорна расправа одговараше на прашања поставени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
На поставеното прашање, „која е смислата во Вашите раководни органи да има функционери на СДСМ, актуелни и поранешни“, Владимир Милчин одговори:
„Не знам на кои функционери на СДСМ мисли во управниот одбор, ако може да прецизира немам ништо против да одговорам. Нема функцинери на СДСМ во управниот одбор на ФООМ“ – одговори Милчин.
Сепак, на официјалниот веб-сајт на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, во делот на организациската поставеност на истата, се гледа дека еден од членовите на актуелнииот Управен Одбор на ФООМ, стои името на Маргарита Цаца Николовска. За потсетување, Маргарита Цаца Николовска е актуелен Претседател на Советот за политички систем во СДСМ.
Дополнително, на македонската јавност и е познато дека и сегашниот Извршен директор на ФООМ Владимир Милчин, е поранешен висок партиски функциоенр на СДСМ.
По ова се отвараат прашањата, дали Владимир Милчин воопшто знае кои се членови во Управниот Одбор на Фондацијата во која тој е извршен директор, дали можеби заборавил дека токму тој во минатото бил поранешен висок функционер во СДСМ?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа