(ВИДЕО) Маж брутално избрка туристи од плажа во Црна Гора: „Мразам муслимани“
Маж, за кој се претпоставува дека е сопственик на приватна плажа во Црна Гора, брукално избрка група туристи, откако прво се израсправа со нив. Овој момент е снимен на камера, па објавен на социјалните мрежи. Видеото масовно се прошири за кратко време.
Тој најпрво забележал жени како се капат во хиџаб и им забранил да влезат во вода поради тоа што се од муслиманска вероисповед. Се создала расправија, а тој им рекол да си заминат бидејќи „мрази муслимани“.
08.08.2023 - 20:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа