(ФОТО+ВИДЕО) По интервенција на два авиона и хеликоптер локализиран пожарот над Отовица, велешко

 

Пожарот кај велешка Отовица е локализиран по интервенција на два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и полициски хеликоптер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На пожарот кај Отовица, што изби попладнето околу 14 часот, се уште делува полицискиот хеликоптер, а авионите на ДЗС се вклучени во гаснење на големиот пожар во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино, што исто така избувна денеска.

Во гаснење на пожарот над Отовица со кој е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен се вклучени  и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото.

На истата локација над Отовица имаше пожар и завчера.

02.08.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега