Торнадо и во Дубровник
На морето кај Дубровник утрово се појави пијавица, ја фотографираа мештаните и ја објавија на социјалните мрежи.
Иако, велат, било блиску до градот, не е причинета штета.
Според прогнозата на ДХМЗ денеска во далматинскиот крај ќе биде претежно сончево, додека во попладневните часови во внатрешноста со засилен развој на облачност може да има врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и јужен ветер претежно со највисока дневна температура од 30 до 32 Целзиусови степени.
Вчера ново невреме го зафати регионот, а торнада беа забележани во Словенија и Италија.
02.08.2023 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа