Да му помогнеме на Суаред Алишан кој боледува од тумор на мозокот

 

Суаред Алишан се соочува со нова тешка борба во животот, потребни се средства за дијагностицирање и лекување на тумор на мозокот.

Фрлен на буништето на животот, од немајкаде слепото бебе беше однесено во дом за деца без родители, по години сериозна неизвесност, страв, глад, негрижа, бескрајна болка од страна на судбината, нечистотии кои што институциите на системот му ги сервираа уште од неговото раѓање, Суаред Алишан се соочува со нова тешка борба во животот. Потребни се средства за дијагностицирање и лекување на тумор на мозокот.

Потребно е да ги собере финансиските средства за Егзонско секвенционирање кое изнесува 63.500 денари, Петскен кој чини 72.600 денари, Магнетна резонанса 35.000 денари и генетско испитување во МАНУ 52.000 денари. Секој кој може да помогне, може да донира средства на сметка со број 210501715527208 на НЛБ банка на име Моника Томчевска.

Македонците се хуман народ, во моменти кога треба да се помогне докажуваме дека можеме да спасиме нечиј живот. Доколку можете и овојпат помогнете за Суаред да ги собере потребните средства за успешнао дијагностицирање и лекување на здравствениот проблем со кој се соочува.

02.08.2023 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега