Времето денеска сончево и ветровито

 

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде висок и изнесува UV=9.

И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре, во недела, ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Веќе во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето.

29.07.2023 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега