Разочарување за граѓаните: Нема да има дополнителен час евтина струја попладне

 


Иако се очекуваше проширување на периодот со поевтина електрична енергија напладне, Регулаторната комисија неочекувано ја одложи оваа мерка.

До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го соопшти денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Иако во јавноста долго време се зборуваше за воведување на уште еден час од 13.00 до 16.00 часот наместо да биде како до сега до 15 часот, Бислимовки вели дека ако се направи тоа тогаш ќе треба да се скратат 2 часа од евтината тарифа навечер.


 

„Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури четири часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 00.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт“, рече Бислимовски.

 

Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН, најави првиот човек на РКЕ.

16.10.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега