Министерот Попоски на средба со Вигенин

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Софија ќе се сретне со бугарскиот колега Кристијан Вигенин.

Предвидено е на средбата да се разговара за ставот на Бугарија во однос на петтата по ред препорака на Европската комисија за почеток на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.

За потсетување, бугарскиот министер за надворешни работи минатата недела изјави Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но оти без потпишување на договорот за добрососедство не може да и биде отворен патот кон ЕУ. Најави дека ќе се засилат контактите на високо ниво меѓу двете земји со цел да се надминат недоразбирањата, додека во повеќе наврати министерот Попоски нагласи дека не очекува Бугарија да ја попречува македонската евроинтеграција и оти Скопје е целосно отворено за соработка со Софија.

13.12.2013 - 09:57
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега