ВИДЕО: Се урна надвозник во изградба во близина на грчкиот град Патра, во тек спасувачка акција

 

Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

 Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки, а веројатно постојат повредени и заглавени граѓани.

23.07.2023 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега