Пожарот на Родос се влошува: Евакуација само по морски пат, истокот е отсечен
Пристанишната управа на грчкиот остров Родос продолжува да ги евакуира жителите и туристите по морски пат од плажите во Лардос и Киотари, источната страна на островот е отсечена од голем шумски пожар, а патниот сообраќај е во прекин, јавува атинското радио СКАИ.
Горат три хотели во областа Киотари во јужен Родос, кои претходно денеска беа испразнети од туристите. Пожарот на Родос гори веќе пет дена и сега е надвор од контрола.
Во евакуацијата учествуваат четири чамци на крајбрежната стража, а во готовност е и еден приватен авион.
Надлежните преку СМС пораки ги известуваат жителите да го напуштат селото Асклипио и округот Киотари, а претходно и селата Лардо и Пилона.
Борбата со пожарот на Родос продолжува во областа Лаермос и Лардос, каде пожарот беснее неконтролирано – велат од СКАИ.
Поради пожарот електричната енергија е исклучена во неколку области на островот.
Денешната ситуација се смета за особено тешка поради силниот ветер.
Радио СКАИ, заменик-градоначалникот за цивилна заштита на општина Родос, Нектариос Флоскакис, изјави дека пожарникарската единица денеска извесно време била заробена во пожар во манастирот Панагија тис Ипсенис, но тие биле спасени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа