ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Не работи полицискиот број 192
Полицискиот број 192 во моментов е надвор од функција и според информациите на Пресс24 бројот на кој граѓаните ги пријавуваат итните случаи не функционира поради изведување на градежни работи во близина на Центарот за известување и командување.
Се очекува бројот 192 повторно да биде во функција по 20:00 часот, а до тогаш МВР апелира граѓаните кои имаат потреба да се обратат до полицијата да ја користат бесплатната линија на центарот за управување со кризи 195.
12.12.2013 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа