Огромни пожари во Грција беснеат втор ден
Грчките пожарникари втор ден по ред се борат со повеќе шумски пожари во околината на Атина, а состојбата во загрозените крајбрежни зони во близина на грчката престолнина е подобрена.
„Ова е тежок ден. Пожарникарите се справуваат со повеќекратни пожари и се борат со пламената стихија во многу зони во областа на Атина“, изјави портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос.
Поради тежината на ситуацијата, активиран е европскиот механизам за цивилна заштита, а наскоро како засилување во Грција ќе пристигнат канадери од Франција и Италија.
Најголемиот пожар беснее во шумата Дервенхорија, на околу 50 километри северно од Атина. Во гаснењето се вклучени 250 пожарникари, 11 авиони и девет хеликоптери.
Издадена е наредба за евакуација на четири населени места во областа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа