Влада: Бектеши да ги сподели сите информации за рудникот Иловица

 

 

Владата на денешната седница го задолжи министерот за економија, Крешник Бектеши, на првата наредна седница на Владата на Република Северна Македонија, да ја информира Владата за сите управни и судски постапки (одлуки, заклучоци и информации) поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, почнувајќи од првата одлука до денес, соопштуваат од владината прес-служба.

– Одлучено е, по Информацијата до Владата, Министерството за економија да ги сподели сите информации во неа и со новинарите и јавноста, се додава во соопштението.

 
18.07.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега