Граѓаните кои се за рудник сметаат дека тоа ќе го спречи иселувањето

 

Порталот „Југоинфо“ објави репортажа во која граѓани даваат поддршка за рудникот Иловица-Штука.

Жителите од овие села својата иднина ја гледат во отворањето на рудникот, бидејќи според нив тоа е единствениот начин да се задржат младите во државата.

-Сите наши села се иселуваат и бараат спас во Словенија. Ова е една убава можност да се задржи народот тука, да си најде вработување и да остане да живее тука. Кој нешто им понудил на граѓаните за да се задржат тука? Тука во Иловица никој не смета дека со садење и берење тутун  може да живее. Сточарите што мислат дека нема каде се напасува стоката-нема стока, има  само еден што има овци и еден што има кози. Не држи вода нивниот муабет дека ќе нема стока, вели жител на Иловица за „Југоинфо“.

-Ние кои сме за отворање на рудникот, а сме многу, сметаме дека покрај можностите за вработување се отвораат и големи можности за економски бенефит. На државата, во тој економски колапс што сега се случува, и е потребен свеж капитал за да ја заздрави економијата, бидејќи како што одат работите нашата економија оди силно низ удолница.-додаваат жителите. 

Граѓаните кои се за отворање на рудникот ја повикуваат Владата и надлежните институции да ги слушнат и да седнат на заедничка маса, бидејќи според нив тоа е единствениот начин за да се најде решение.

Инаку, пред два дена во Струмица се одржаа протести на кои граѓани, активисти, свештени лица и владини министрии кажа не за рудникот. Неизвесно е дали одлуката за спојување на концесиите ќе биде преиспитана.

17.07.2023 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега