Македонија повторно не оди на Евровизија

 

На овогодишната Евровизија 2025 која се одржува Базел, Швајцарија, Македонија повторно нема да има претставник.

Тоа значи дека трета година по ред нашата земја не учествува во ова познато музичко натпреварување.

Според информации од буџетот на МРТВ за 2025 година, не се предвидени средства за учество на Евровизија, но и покрај тоа настанот ќе биде пренесуван.

Последниот настап на Македонија на Евровизија беше во 2022 година, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Circles“.

 

Иако Македонија не учествува на Евровизија, ќе има свој претставник на Јуниорскиот Евросонг, каде учеството не бара големи финансиски средства.

28.10.2024 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега