Бајден: Путин мислеше дека НАТО ќе пропадне, но Алијансата е пообединета од кога било

 

 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека има очајна страст за земја и моќ и вети дека НАТО алијансата предводена од САД нема да се поколеба во поддршката на Украина против руската агресија.

Говорејќи во Литванија на крајот од дводневниот состанок на лидерите на НАТО во Вилнус, Бајден го пофали народот на таа земја која беше под советска окупација, го поздрави приклучувањето на Финска во алијансата, како и претстојниот прием на нејзиниот сосед Шведска. Бајден, за кого НАТО без поделба е еден од главните надворешнополитички приоритети, рече дека Путин многу ја потценил решителноста на воената алијанса.

„НАТО е посилен, поенергичен и, да, пообединет од кога било во својата историја. Навистина, тоа е повитално за нашата заедничка иднина. Тоа не се случи случајно, не беше неизбежно“, им рече Бајден на илјадници луѓе во Вилнус.

„Кога Путин и неговата очајна страст за земја и моќ ја започнаа својата брутална војна против Украина, тој се обложи дека НАТО ќе се распадне. Мислеше дека НАТО ќе се распадне. Мислеше дека нашето единство ќе се скрши на првиот тест, мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби, но тој згреши“, додаде тој.

12.07.2023 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега