Николоски: Средбата со Макрон покажа колку го почитуваат Мицкоски
Владиниот потпретседател, Александар Николоски вели дека средбата на Мицкоски со Макрон во Будимпешта покажала каков авторитет ужива македонскиот премиер.
„ Премиерот имаше многу, многу значајна средба со Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој што во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи превид дека владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, така што Емануел Макрон е во моментов неспорно лидер на Европа, политичар кој што има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на Европската Унија од сите големи земји членки и на конференција која што трае само еден ден да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори за и личниот авторитет кој што го има премиерот Мицкоски и за угледот кој што го ужива Македонија.“ – рече Николоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа